138
Министерката за образование Мила Царовска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека според новиот образовен систем и воннаставни активности ќе бидат дел од содржината на училиштата.
„Имаме родители кои имаат можност да платат и ги водат децата на јазик, музика, театарски вештини. Со новите реформи ќе направиме тоа да биде достапно за секој. Кога може системот да обезбеди два часа плус, да може и овие воннаставни активности да бидат дел од содржината на училиштата. На тој начин ученикот ќе сака да оди во училиште“, рече Царовска.