Повеќе од 180 милиони денари вложило Министерството за труд и социјална политика во реконструкција, доградба и изградба на детски градинки изминатите две години. За наредната година во Буџетот на Министерството се планирани нови 105 милиони денари за истата намена.
– Ние како Министерство се грижиме да ги поттикнеме локалните самоуправи да инвестираат во детската заштита, но и ние како Владата инвестираме во нејзин развој, а особено во инфраструктурата во градинките. Вложивме повеќе од 180 милиони денари само за доградба, реконструкција, проширување и изградба на градинки. Дополнително за наредната година се планирани 105 милиони денари за инвестиција во инфраструктура во детска заштита, рече Царовска при посетата на градинката „11 Октомври“ во општина Бутел.