154
За иницијативата „Учебници и настава мора да има“, кои најавија протест во сабота низ повеќе градови, министерката за образование Мила Царовска вели дека тоа се уставно загарантирани права.
-Тоа е уставно загарантирано право.Тие ги поставија барањата .Ние како министерство за наука и образование со нив имавме средба. Нивните главни барања се поврзани со родовата рамноправност да се исклучи од образовниот систем, сметам дека за тоа имаме закон и државата има консензус за почитување на родовата рамноправност. Ние ги испративме одговорите веројатно тие како иницијатива ќе расправаат за нив, вели Царовска додавајќи дека реформите мора да продолжи за да се обезбедат подобри услови за учење.