„Учебниците се подготвени и се со одлчен квалитет. Учениците од 4 одделение ќе се радосни затоа што ќе имаат дигитално учебници, каде што материјата ќе може да ја следат со мултимедија и со аудио. Исто така за прв пат имаме и инклузивни учебници, односно учебници со браево писмо. Тие ќе бидат дистрибуирани исто како и регуларните учебници“ кажа министерката за образование Мила Царовска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.
Таа додаде дека сите учебници се подготвени, набавени и навремено ќе бидат дистрибуирани и доставени до учениците. Како што напомена министерката, подготвени се и апликациите за дигиталните учебници, од каде учениците ќе може да ги симнат потребните материјали.
„Од први септември ќе може да се симнат дигитални учебници на електронските уреди. Училиштата веќе имаат добиено и таблети за учениците од социјалноранливите семејство, а министерството испечати и 20 отсто од потребните учебници за четврто одделение за учениците и училиштата каде што нема можност да се користат дигиталните учебници“ потенцираше министерката Царовска.
Одговарајќи на прашање за спојувањето на предмети, министерката кажа дека целиот случај за спојувањето на историја и географија бил тенденциозен и исполитизиран. Како што потенцираше Царовска сите научни дисциплини остануваат и ќе се учат, но дел од нив ќе се поврзуваат меѓу себе. На тој начин ќе им се овозможи на учениците подобро да ги разбират контекстите и да размислуваат за нови работи и идеи.