За само два месеца инвестираме над 181 милион денари во вкупно 24 училишта. Со овие вложувања градиме и реконструираме училишни објекти за подобри услови и поквалитетно образование, соопшти министерката Мила Царовска.
Средства од МОН добиваат ОУ „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола,ОУ „Луис Ѓуракуќи“, општина Желино, ОУ „Јосип Броз Тито“, во Жировница, ОУ ,,Панко Брашнаров” во Велес, ОУ „Никола Карев“ и музичкото училиште „Ристо Јуруков“ во Општина Кочани, ОУ „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, училиштето во Радибуш во општина Ранковце, ОУ „Св.Климент Охридски” од општина Македонски Брод, ОУ „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, ОУ „Никола Карев“ во Крушево, ОУ “Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров, ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода,ОУ „Живко Брајковски“ во Куманово.
Со средства од МОН ќе се реконструираат и средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков”и двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.