Царовска за целодневната настава: Протоколот не дозволува мешање на учениците од различни одделенија

од Nikola Popovski
329 прегледи

Околу целодневната настава, во протоколот е јасно дефинирано дека е можно, но доколку не се мешаат учениците од различни одделенија, изјави министерката за образование, Мила Царовска за дневникот на ТВ Сител, околу тоа дали учениците ќе започнат да одат на настава со физичко присуство.

Според неа, според протоколите од Комисијата за заразни болести, учениците од прво до трето одделение ќе останат во истата просторија и дека нема да биде дозволено мешање на групите.

„Три сценарија се познати. Во едното е физичко присуство на сите уленици во училиштата. Имаме второ сценарио, кое е слично на оваа година, односно од прво до четврто одделение одат со физичко присуство по протоколи, а останатите со онлајн настава и третото сценарио, каде што би оделе по групи. Сепак, сите овие се само алтернативи. Ништо не може да го замени учењето и наставата во училница“, рече министерката.

Слични содржини