Модната дизајнерка и поранешна спајс-девојка, Викторија Бекам, наводно е во големи финансиски проблеми. Некогашната британска музичарка наводно морала да го отпушти и некогашниот приватен возач откако нејзината линија на облека доживеала загува од 12,3 милиони фунти.

Освен возачот, се верува дека Бекам бил присилена да отпушти и неколку клучни вработени додека нејзиното модно царство се бори за да се извлече од долгови. Исто така, за нејзинината главна продавница, која се наоѓа во самиот центар на Лондон, Викторија ја откажала достава за свежо цвеќе.

– Возачот повеќе го нема, Викторија се вози сама или со такси. Таа е борец и сигурно нема да дозволи модното царство да и пропадне без борба – рекол извор близок на Викторија и додал дека ја поддржуваат бројни модни дизајнери бидејќи им е многу драга.

Слични содржини