Поранешниот судија во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска во емисијата „Само Вистина“ вели дека новиот закон за судство драстично ќе го смени начинот на испитување на случите.
– Фер постапката е еден од индикаторите кои покажуваат дека има некаков проблем, но сите овие искажувања и оние кои ги прават анализите се во однесуваат на државата што има направено, но не преку судските предмети. Сега терминот заробена држава во новите европски извештаи не се споменува тоа беше име од предходниот режим. Беше спомената реформата во судството и таа е направена систематски со клучни закони. Судскиот совет со новиот состав мораше да ги расчисти старите предмети и тие не можеа да се третираат по нови закони тие мора да се решаваат по стари. Новиот закон за судство е драстично сменет и она што е многу важно е што дава можност за поголеми испитувања на предметите. И советот кога ќе го примени новиот закон може многу полено да навлегува во испитувањата, вели Николовска.