Цаца Николовска: Прашање е дали ЕК ќе прифати истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

од Nikola Popovski
383 прегледи

Овој политички договор меѓу Заев и Гаши за барање меѓународна истрага за политизирани судски процеси не ми е познат. Не се согласувам со меѓународна експертиза, иако ова не значи вклучување и отворање на судските постапки како Монструм, Диво насеље, Алфа и Алмир Алиу, вели поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска во емисијата „Топ тема“.

Според неа, ваквото барање во македонската јавност не е непознато.

-Прашање е дали Европската комисија ќе прифати такво мониторирање, прашање е што ќе бидат причините за таквото барање. Не може за секој предмет да се оди пред ЕК и да се бара нешто. Не се наведуваат причините зошто Заев и Гаши тоа го бараат, истакнува Николовска.

Слични содржини