Цаца Николовска: Уставниот суд треба да води сметка што ќе донесат одлуките

од Aleksandar Todeski
460 прегледи

Иницијативата е прифатена, што значи дека ќе се расправа. Би сакала самото расправање да биде на потранспарентен начин, да има експерти за да може и Уставните судии и граѓаните да слушнат повеќе, рече во емисијата „Само вистина“ судијката Маргарита Цаца Николовска.

„Ние за оваа ницијатива расправавме, така да во овој момент како ќе се заврши не би можела да кажам, јас се надевам дека судиите ќе размислат што значи враќање на една ситуација која претходно била расправана, што значи носењето на одлуката на претседателот во тоа време. Имајќи во предвид што се случуваше во моментот и по тоа, се надевам дека уставните судии ќе размислат. Не би рекла дека на тој начин се носи помирување. Не може да носите помирување во момент кога државата гореше. Јас заборавив дека Уставниот суд евентуално ќе одлучува за тоа. Треба да се има предвид дека Уставниот суд треба да води сметка што ќе донесат одлуките“, истакна Цаца Николовска.

Според професорот Јове Кекеновски, дека пратениците треба да се ослободат од партиските интереси и да одлучат како им носи совеста во врска со автентичното толкување на Законот за помилување, за кој расправа и Уставниот суд.

„Сите се обидуваме на свој начин да толкуваме една одредба. Нема држава во која една одредба се толкува на толку различни начини. Автентичното толкување ќе донесе сите да го толкуваме тоа на еден ист начин. Со оглед на силите во законодавно-правната комисија, јас не сум сигурен, бидејќи зависи кој има мнозинство, тој ќе одлучи, за жал не успеавме да се издигнеме над партиските интереси“, рече Кекеновски.

Судијката Цаца Николовска вели дека автентичното толкување е малку пошироко елаборирање.

„Автентичното толкување подоцна станува дел самиот Закон. Сега прејудицираме, не можеме да знаеме ни Уставниот суд што ќе расправа. Највеќе жалам што еден убав институт, помилување е злоупотребен од поранешниот претседател, бидејќи имаше акти кои немаат врска со помилувањето“, вели Кекеновски.

 

Слични содржини