Цел тим на Цирих во изолација

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Цирих објави дека неколку играчи и членови на стручниот штаб на тој клуб биле заразени со коронавирусот, поради што целиот тим ќе биде во изолација до 17 јули.

Цирих во петокот потврди дека Мирлинд Крејзиу е позитивен за коронавирус, а еден ден подоцна, откако целиот тим повторно беше тестиран, потврдени се нови случаи на инфекција.

Клубот не го наведе идентичниот број заразени лица, туку само дека се преземени сите потребни мерки.

Следните два натпревари на Цирих во првенството, против Сион и Базел, се откажани, а под знак прашалник е и мечот против Јанг Бојс закажан за 18 јули.

Цирих, кој е на петтото место на табелата, изјави дека е во постојан контакт со швајцарската фудбалска лига и дека ќе ги „анализира следните чекори“.

Слични содржини