218
Арсенал и Ливерпул ќе сторат сé за да го привлечат во текот на летото халфот на Реал Мадрид Иско, тврди „Дејли експрес“.
Покрај споменатите два клуба кон шпанскиот репрезентативец интерес пројавуваат уште неколку врвни тима, а меѓу нив се Манчестер Сити, Баерн Минхен и Јувентус.
Ситуацијата во „кралскиот“ клуб воопшто не е добра и тимот како целина се претставува исклучително фрустрирачки во шпанската Ла Лига во последно време, откако дури веќе успеа тотално да ги загуби шансите за титулата.
Се очекува во текот на летото да има масовна чистка на „Бернабеу“, а целта на Флорентино Перез е да го реновира целосно тимот.
Не е исклучено Иско да биде меѓу фудбалерите, кои можат да го напуштат Реал, иако се уште е доста перспективен како возраст.