Дури 127 пожарникари со 50 возила со часови се бореа со натчовечки напори да го спречат пожарот што избувна во кинескиот трговски центар во блокот 70 во Нов Белград.
-Ноќта ја поминав во автомобил. Чекав да видам што ќе се случува со пожраот и дали можам да ја извадам стоката, ова накратко го раскажува за „Новости“ еден од кинеските трговци кој се уште се наоѓа пред трговскиот центар во Блок 70, каде пожарот траел речиси 10 часа.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола, а над трговскиот центар е видлив густ, црн чад.
Бројни комунални, полициски и противпожарни единици се уште се на терен .