Цели 49 години без легендата: На денешен ден почина Џенис Џоплин

од desk4

На 4 октомври 1970 година беше пронајдена мртва Џенис Џоплин, како последица на предозирање со хероин.

Принтскрин/Youtube

Таа имаше само 27 години, а зад себе имаше три студиски албуми и небројани настапи во живо, на концерти и фестивали. Во 1995 постхумно беше претставена како член на Рокенрол халата на славните. Нејзиниот глас е рангиран како мецосопран. На листата на магазинот „Ролинг стоун“ се најде на 46. место на 100-те најголеми изведувачи на сите времиња, во 2004 година, додека на истата листа во 2008 година се искачи на 28. место.

За време на својата кариера таа настапуваше и во бендови, но публиката ја памети по нејзините харизматични и емотивни соло-настапи.

На 4 октомври 1970 година, таа имала закажано сесија за снимање, но не се појавила. Нејзините пријатели и соработници заминале да проверат што се случува. Пред нејзиниот дом бил паркиран кабриолетот кој го возела, а таа била пронајдена мртва на подот покрај својот кревет. Официјалната причина за смртта е предозирање со хероин, а можно е пејачката да пиела и алкохол.

Таа починала само две недели по легендата Џими Хендрикс, кој исто така имал 27 години во моментот на неговата смрт.

Слични содржини