Цели фамилии се заразени: Кризниот штаб на Гевгелија бара да се воведе полициски час

од Берта Китинска
286 прегледи

За само 2 дена во општина Гевгелија се регистрирани 77 новозаразените од КOВИД-19.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е алармантна.Од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија информираат дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 49 новозаразени во регионот, што е досега највисока дневна бројка, бидејќи досега највисоката евидентирана бројка изнесуваше 38.

-Што е уште полошо, цели фамилии се новозаразени, и тоа, се почесто со сериозни симптоми. По појавата на мутациите од Корона вирусот загрижувачки е што старосната граница на новозаразените со тешка клиничка слика е поместена на 20 до 30 години.Општата болница во Гевгелија станува критична поради напливот од огромниот број на новозаразени пациенти од КОВИД-19, поради што се чека на ред за болничко легло. Во новоотворениот модуларен КОВИД-центар во Гевгелија сите болнички легла се зафатени, како и во тријажниот центар. Од друга страна, можноста за ротирање на здравствените работници е ограничена бидејќи бројот на здравствените работници е преполовен. Имено, дел од лекарите, медицинските сестри, лаборантите и болничарите се заразени од Ковид 19, а, за жал, е забележан и првиот смртен случај на една лаборантка во оваа болница, влат од Општинскиот штаб.

Кризниот штаб на Општина Гевгелија побара од Главниот кризен штаб да се воведе полициски час на територијата на Општината во периодот од 21:30 часот до 5 часот наутро секој ден до стабилизирање на состојбата.

Слични содржини