Целиот свет зборува за скандалот кој го направи младата пејачка

413 прегледи

Младата пејачка Холзи направила скандал од невидени размери на доделувањето на American Music Awards, во неделата навечер.

Пејачката била наградена со награда за Најдобра поп-рок песна, за песната „Without Me“, а во својот говор се осврнала на неправдата која, судејќи по мислењето на многумина, ја доживеала кога ги обелодениле номинациите на престижните Греми.

Имено, иако споменатата нумера го дистигнала врвот на прочуената Билборд топ 100 листа и важеше за еден од најголемите хитови во текот на годината, таа во потполност е изоставена од списокот на номинирани.

Во својот говор, Холзи дала свој одговор на мислењето на стручњаците кои ја составуваат Академијата која ги доделува Греми наградите.

– Благодарна сум им на АМА за тоа што сум тука, со оглед на тоа дека тоа е најголемо доделување на награди во кој добитните се одлучуваат според гласовите на обожавателите. Благодарна сум им на обложувалниците затоа што тие се личностите на кои им е грижа за музиката! и на крај, благодарна сум им на АМА затоа што гласот им го даваат на тие луѓе и затоа ќе продолжам да создавам музика- порачала пејачката и со тоа предизвикала овации во салата, иако имало и онакви кои ја осудиле расправијата меѓу младата пејачка и инститцијата каква што е Греми.

Слични содржини