Цело Скопје без струја, од ЕВН велат дека има експлозија на високонапонската 400 киловатна мрежа на МЕПСО

од Берта Китинска

Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија.

Од ЕВН за „Локално“ велат дека станува збор за експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

-Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН,информираат од компанијата.

Струја попладнево немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

Слични содржини