Целосно забрана за сообраќај на патот Струга – Ќафасан

од Nikola Popovski
252 прегледи

Поради ниските температури и појава на голомразица на коловозот, се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила на патниот правец Струга – граничниот премин Ќафасан, информираат од АМСМ.

Забраната е воведена од 19 часот и 45 минути.

Останува на сила забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка. На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози и со слаби остатоци од кашест снег на коловозот на некои повисоки места.

Слични содржини