Цената на гасот во Европа надмина 1.400 долари за 1.000 кубни метри

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Цените на бензинот утрово во Европа поскапеа за 5,3 отсто, со што почна да се тргува на ниво од над 1.400 долари за 1.000 кубни метри, првпат од почетокот на октомври, покажуваат податоците на берзата ICE во Лондон.

Цената на фјучерси на гас за испорака во јануари во холандскиот центар ТТF порасна на 1.425 долари за 1.000 кубни метри, или 122,19 евра за мегават час, по тековниот курс на еврото во однос на доларот, на тргување до 10:04 часот по московско време, известува ТАСС.

За само неколку минути цената продолжи да расте до 1.428 долари за 1.000 кубни метри, или 122,5 евра за мегават час, поскапувајќи за 5,5 отсто на дневна основа.

Претходниот ден цената на гасот беше 1.369 долари за 1.000 кубни метри при затворањето на тргувањето во Европа.

Слични содржини