Српската полиција уапси шест лица за фалсификување лични документи и издавање лажни негативни тестови за ПЦР, чија изработка чини од 100 до 800 евра, пишува Блиц.
Полицијата во некои региони на Балканот (Србија, Албанија, Косово, Македонија) фати осомничени за продажба на лажни негативни PCR-тестови на луѓе кои сакаат да ги преминат границите на европските земји, додека некои медиуми пишуваа дека овие тестови во Србија најмногу се продаваат во Ниш и Врање.
Превозниците кои влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце исто така изјавија дека лесно можат да купат негативен тест за корона на бензинска пумпа во Врање за 65 евра!
Апсења и во Тирана
Албанската полиција уапси пет члена на групата осомничени за издавање лажни PCR тестови во Тирана, додека минатиот месец во Пеќ, косовската полиција уапси две лица за истото дело, и од тие причини Германија не признава негативни тестови за PCR од Косово.
По апсењето на десетици лица од Балканот за издавање лажни сертификати за негативни тестови за ПЦР, претежно патници за Швајцарија, влезот во оваа земја ќе биде покомплициран од 8 февруари, бидејќи покрај голем број заразени и жртви од Балканот , оваа земја е принудена да го контролира влезот на луѓе на нејзината територија.
– Швајцарија ги препознава овие тестови ако се издадени во последните 72 часа и ако тестот е негативен. Во моментов нема тестови од регионот или земјите кои не се признати за злоупотреба, рече Јан Хулман, портпарол на ОФСП за швајцарскиот весник на албански јазик Ле Кантон27.ch.