Цените на бензините и мазутот непроменети

од Берта Китинска
189 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75% во однос на одлуката од 25.08.2022 година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,50 ден/лит.

Од 27.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,978 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0, 458%, соопштија од РКЕ./

Слични содржини