167
Холандските и британските цени на гасот пораснаа денеска бидејќи веста за оштетување на гасоводот Северен тек 1 од Русија до Европа ја зголеми загриженоста за безбедноста на енергетската инфраструктура на ЕУ, при што се помала е веројатноста дека протокот на гас низ тој цевковод ќе биде набрзо обновен.
Цената на гасот за испорака во октомври (фјучерс договори) на холандската берза се зголеми за 11 евра на 184,50 евра за мегават час (MWh) во тргувањето до 09:07 часот по средноевропско време, пренесува „Ројтерс“.
Потврда за оштетувањето на Северен тек 1 дојде откако претходно беше откриено истекување на блискиот гасовод Северен тек 2, што ја натера Данска да ја ограничи пловидбата во радиус од пет наутички милји.