262
Светските цени на храната се искачија на највисоко ниво од март 1990 година, кога Агенцијата за храна на ОН (ФАО) почна да објавува податоци, поттикнати од зголемените цени на житото и растителното масло поради војната во Украина.
Индексот на основната кошница за храна на ФАО се зголеми за 12,6 отсто во март од просечните 159,3 поени во февруари, достигнувајќи ново највисоко ниво од 1990 година.
Тој е за 33,6 отсто поголем од март минатата година, се наведува во извештајот на ФАО.