Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа за еден долар денес поради стравот дека Индија може да воведе рестриктивни мерки поради зголемениот број на лица заразени со коронавирусот и смртните случаи. Цените на нафтата растеа, поради очекувањата за обновување на побарувачката.

„Индија е еден од најголемите увозници на сурова нафта во светот и новите ограничувачки мерки би биле многу лоши за состојбата на пазарот“, изјави официјалниот претставник на енергетската компанија „Мизухо“, Боб Јаугер.

Во Лондон цената на северноморската сурова нафта „брент“ беше пониска за 1,26 долари или 1,9 отсто и сега изнесува 65,79 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 1,61 долар или 2,5 проценти и сега изнесува 61,77 долари.

Слични содржини