Цените на производите ќе се стабилизираат во летниот период, велат од Агробизнис комората

од Nikola Popovski
319 прегледи

Инфлацијата ќе продолжи, но очекуваме во летниот период, вториот квартал да има стабилизација на цените на енергенсите. Во моментов цените се високи поради тоа што гасот е за 7,8 пати повисок, како и електричната енергија, која е за 4 пати поголема на светско ниво, вели Горан Ѓеоргиевски, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори, одговарајќи на прашањето дали се очекува производите да се вратат на претходното ниво, односно да дојде до стабилизација на цените.

Тој смета дека многу поквалитетна мерка е замрзнување на маржата на компаниите кои што работат и ги произведуваат овие основни продукти, отколку да разговараме за замрзнување на цените на производите.

-Не можеме да принудуваме бизнисот да креира замрзнати цени на излезот од својот производен процес. Добро е да се субвенционира цената на енергенсите кои се користат во создавањето на производите, да се активираат стоковите резерви кои се чуваат за вакви намени, вели Ѓеоргиевски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини