Цените на сокот од портокал во пораст на светските пазари

од Stefanija Kuzmanovska

Цената на сокот од портокал на светските пазари се зголеми за повеќе од 20 проценти овој месец, поттикната од зголемената побарувачка предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Од друга страна, снабдувањето со оваа ставка е намалено како резултат на ограничувањата во транспортниот сектор, што исто така се резултат на пандемија.

Затоа, како што пренесува Би-Би-Си, има зголемување на таканаречените „фјучерси“ на цената на сокот од портокал, што претставува претходно договорена цена за испораките во наредните месеци.

„Пандемијата на КОВИД-19 влијае и на страната на понудата и на побарувачката кога станува збор за сокот од портокал – побарувачката е поттикната од карактеристиките кои го зајакнуваат имунитетот, додека од друга страна, едноставно нема доволно простор за танкерите и авиокомпаниите да летаат и да го донесат производот на пазарот, вели Стивен Инис од „Аксикорп“.

На снабдувањето влијае и фактот што на плантажите нема доволно прибирачи заради ограничувања како што е социјалното растојание.

„Трговците се прашуваат дали има плантажни работници овде во Флорида или Бразил“, вели Џек Сковил од американската група „Прајс фјучрс груп“ со седиште во САД.

Во време кога глобалните берзи бележат пад како резултат на пандемијата, идната цена на сокот од портокал бележи најголем месечен раст од октомври 2015 година, при што Инис тврди дека ова ќе влијае и врз крајните цени што ги плаќаат потрошувачите во продавниците.

Слични содржини