268
„СДСМ ги враќа парите кај граѓаните, во семејните буџети, го зголемува животниот стандард и достоинството на граѓаните, а истовремено ги помага домашните компании, се бори против сивата економија и ја враќа довербата во институциите“, вели денеска Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
„Управата за јавни приходи преку проектот МојДДВ на 399.000 корисници од различна возраст, во изминатите две години им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра, како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки.
Во првата година преку МојДДВ, вратени се над 670 милиони денари, а во втората година од повратот на ДДВ преку скенираните фискални сметки, назад кај граѓаните завршија 1,5 милијарди денари“, посочува таа.