272
Европскиот Центар за итни повици 112 ќе започне да функционира во февруари, место во декември најави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во случај на несреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Во исто време, преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Засега, остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.
– Постоечките броеви и понатаму ќе постојат, тој што ќе се јави на 192 ќе добие полиција. Потоа, системот ќе ги префрла на овој центар – појасни Ангелов.