Централен: Не ги обвинуваме „Таргет Груп“, кривичната постапка е во тек и ја почитуваме презумцијата на невиност

од Vladimir Zorba
413 прегледи

Во врска со соопштението на „Таргет груп Скопје“ во кое се вели дека „Централниот регистар не смее да шпекулира со невистинити факти“, во кое ставот Таргет Груп, посочуваат дека „ЦР, како државна институција не смее да обвинува дека некој сторил наводно кривично дело“,стигна демант од Централен.

„Ги демантираме ставовите дека Централен регистар воопшто обвинува. Повторуваме уште еднаш, од страна на МВР е Поднесена кривична пријава против Таргет Груп ДОО за кривично дело по чл. 251 од КЗ на РСМ – оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Од тој момент ЦР ја прекина соработката за користење податоци од страна со Таргет Груп ДОО, а кривичната постапка е сè уште во тек. Од тука се до завршување на постапката ЦР ја почитува презумцијата на невиност“, велат оттаму.

Вчера на интернет порталот faktor.mk објавен е текст со наслов „Таргет груп” и „Бизнис мрежа” злоупотребуваат податоци од Централен регистар, добија кривична пријава!“. ТАРГЕТ ГРУП Скопје и неговиот продукт BiznisMreza.mk ги демантираа информациите дадени во текстот и додадоа дека ваквите информации се дадени од страна на Централниот регистар, „кој како државна институција не смее да шпекулира со вакви информации, уште повеќе со обвинувања дека некој сторил наводно кривично дело“.

Според нив, во текстот се тврди дека ТАРГЕТ ГРУП во неговиот продукт biznismreza.mk користи податоци кои што се добиени на незаконит начин.

-Имено, до податоците на Централниот регистар можат да пристапат и да ги добијат сите физички и правни лица без да имаат никаков посебен интерес, бидејќи податоците во тие регистри се јавни согласно закон. Впрочем, за сите измени во трговските друштва, Централниот регистар е должен да ги објави на нивната веб страната, што значи дека се јавно достапни. Во однос на наводната незаконитост на работењето на ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, ви укажуваме на следното. Согласно чл.8 ст.1 од Законот за Централен регистар податоците кои се утврдени со овој закон и друг закон се внесуваат во Централниот регистар каде што електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и прават достапни до заинтересираните корисници., а додека согласно чл.14 од Законот за Централен регистар: Податоците од Централниот регистар можат да ги користат органите на државната управа, сите физички и правни лица, домашни и странски, освен ако за некои од нив поинаку не е определено со закон или со договор, стои во соопштението.

Слични содржини