249
Според Централниот регистар, не се точни тврдењата на малите сопственици дека еден од условите за да можете да добиете дигитален сертификат е да имате положен правосуден испит.
„Упис во регистарот на вистински сопственици може да изврши секое физичко лице кое поседува валиден дигитален сертификат, а со истиот може да се здобие преку овластените издавачи – КИБС и Телеком. Уписот во регистарот е без надомест во рамки на законскиот рок, а техничката помош врши секојдневни обуки за секое заинтересирано лице кое ќе побара помош. Постапката е едноставна, во неколку чекори и не одзема многу време“, велат од Централниот регистар во својот демант.