Централен регистар за здружението „Цар Борис III“: Во Законот нема посебни одредби за спорни и негативни личности од историјата

од Nikola Popovski
214 прегледи

Во своето работење секогаш постапуваме и се водиме согласно постоечките закони во државата, а во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата, велат од Централниот регистар во врска со регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис III“.

-Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон, велат од таму.

Се наглсува дека се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се  забранува работата за организацијата.

-Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица, наведуваат од Централниот регистар.

До Министерството за правда не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети“, соопштија вчера оттаму.

Реакција дојде и од еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаусотот. Случајот според нив е класичен пример на негирање на холокаустот, исмевање и навреда за Евреите, поради што побараа државата да застане на пат на ваквите појави за кои велат дека не носат ништо добро за сите во државата.

Слични содржини