Централната банка на Русија ги намали клучните каматни стапки на седум проценти

од desk2
138 прегледи

Централната банка на Русија ја намали својата клучна каматна стапка на 7 проценти од 7,25 проценти и најави дека повторно би можела да ги намали стапките на еден од своите следни состаноци.

Банката во изјавата наведе дека годишната инфлација продолжи да забавува и дека економскиот раст е помал од очекуваниот, со што нивната прогноза за едногодишна инфлација се намали од 4,2-4,7 проценти на 4-4,5 проценти.

Банката во соопштението, исто така ги истакна и зголемените ризици од забавување на глобалната економија.

„Доколку ситуацијата се развие во согласност со основната прогноза, Банката на Русија ја признава можноста за натамошно намалување на клучната стапка на еден од претстојните состаноци на Управниот одбор“, се вели во соопштението.

Клучната каматна стапка последен пат изнесуваше 7 проценти во април 2014 година. Следниот состанок на Управниот одбор на Централната банка на Русија ќе биде на 25 октомври.