Централната власт ќе ги подмирува долговите на општините?

од desk4
112 прегледи

„Потребно е да се изготви анализа се цел да се утврдат сите состојби, вклучително и сумата којашто ја должат…. Да бидеме трпеливи и да ја почекаме анализата, па да излеземе со конкретни ставови и решенија“,, рече Миле Бошњаковски – портпарол на Влада.

Сепак, од Владата не знаат за колку време ќе биде готова оваа анализа. Според ревизорските извештаи, општините на крајот на 2016- та година должеле околу 82 милиони евра. Било забележано и дека многу општини и покрај тоа што веќе биле во големи долгови и понатаму продолжиле да трошат.

Државен завод за ревизија:

Од вкупно 14 општини со финансиска нестабилност, односно со блокирани сметки во 2016 година, кај девет биле почнати нови капитални проекти, има нови вработувања и унапредување на вработени.“

Лани блокирани сметки имале 16 општини. Главна причина за лошата финансиска слика во локалните самоуправи е лошото планирање на буџетите. Имено, општините на годишно ниво успеваат да приберат најмногу до 65 отсто од планираните приходи.