Централниот одбор на ДОМ ја потврди поддршката за новата Влада

од Vladimir Zorba
75 прегледи

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ беше потврдена поддршката за формирање нова Влада на Република Македонија, која ќе има сериозна задача за демократизација на земјата и за спроведување на реформите на Прибе во насока на професионализација на институциите.

Истовремено, ќе треба да започне и процес на намалување на поделбите помеѓу граѓаните по разни основи и да зајакне граѓанската кохезија. Централниот одбор на ДОМ оцени дека сите политички субјекти треба да се однесуваат одговорно во оваа фрагилна политичка ситуација и да придонесат за стабилизација на земјата.

ДОМ очекува новата Влада да обезбеди сериозен третман на сите области од живеењето, а посебно на темите за екологија, зелена економија, рамномерен регионален развој, човекови права и недискриминација. Впрочем, тие програмски приоритети беа поддржани од страна на СДСМ, како најголема партија во коалицијата, соопштуваат од ДОМ.