Пораките од состанокот со високата претставничка за безбедносна и надворешна политика Федерика Могерини, средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев, но и следните чекори на ДУИ се тема на состанокот на централното претседателство денеска во Мала Речица
ЦП според најавите од ДУИ требаше да продлжи кога Заев ќе го добиеше мандатот за да падне одлука дали ДУИ ќе биде власт или опозиција, но по одлука на шефот ан државата да не му дадае мандатот на Заев но и да оцени дека се прави обид да се наруши унитарноста на државата со албанската платформа, Ахмети има нови теми на маса.
Од ДУИ не сакаат да откријат кои ќе бидат опциите што лидерот ќе ги стави на маса пред сопартијците и дали ќе се дебатира за гласање ан Влада во Собранието без амндат.