Церемонија во Москва денеска: Путин потпишува припојување на четири територии кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за пристапување кон Русија на украинските територии на кои се одржа референдумот.

Путин ќе одржи голем говор за време на церемонијата, по што ќе се сретне со лидерите на непризнаените Народни републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје, каде што се одржа референдум за приклучување кон Руската Федерација од 23 септември до 27.

Вчера Путин потпиша декрет за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии.

„Во согласност со општо прифатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи го и потврдувајќи го принципот на еднаквост и самоопределување на народите, содржани во Повелбата на Обединетите нации, земајќи ја предвид волјата на народот на регионот Херсон во референдумот одржан на 27 септември 2022 година одлучувам: Го признавам суверенитетот и независноста на областа Херсон“, се наведува во документот.

Во друг декрет, со иста содржина, Путин ги призна суверенитетот и независноста на регионот Запорожје.

Слични содржини