304
Соиграчот на Еден Азар од Челзи – Цеск Фабрегас рече дека Белгиецот може да ја освои „Златната топка“. Шпанецот додаде дека Азар има квалитети и евентуалната награда целосно зависи од него.
„Тој е одличен фудбалер кој може да игра 1 на 1, да ја задржува топката и да подава. Има одлични фудбалски вештини, долго време игра фудбал, играл со многу врвни играчи и тој е исто таков. Знам дека може да ја освои „Златната топка“, ако сака“, рече Фабрегас.
„Му реков дека зависи само од него, и моето мислење е дека тој има квалитет, тој е меѓу најдобрите кога е во врвна форма“, додаде Шпанецот.