Тони Цетински кој во септември беше ослободен за предизвикување сообраќајна несреча во Ровињ, во која животот го изгуби еден пешак, мора повторно на суд.
Обвинителството поднело жалба на оваа пресуда поради погрешно и непотполно утврдено кривично дело, пишуваат хрватските медиуми.
Цетински на 3 номеври 2017, со со своето возило управувал во спротивна насока, спротивно од законските одредби. Тогаш со својот мерцедес налетал на Ибрахим кој бил во алкохолизирана состојба. Судијата константирал дека во оваа ситуација се работело на фактор на изненадување бидејќи возачот не очекувал дека личноста ќе лежи на патот.
Обдукцијата на телото на настраданиот покажала дека повредите со кои се здовил не можеле да бидат смртоносни. Меѓутоа, обвинителството одлучило повторно да поткрене постапка, а пејачот рекол дека ќе ја почитува секоја одлука која ќе биде донесена.