392
Младата Анастасија Ражнатовиќ, која е ќерка на балканската фолк-дива Цеца, својот албум го снима во Скопје, во продукцијата на Дарко Димитров.
На Инстаграм, таа и мајка ѝ објавија дека се во Скопје, но не останаа долго, бидејќи само се договарале за одредени детали и за тоа како да се забрза процесот на снимање на првенецот на надежната пејачка.
Но, на пат кон дома, во Србија, ги снашла вистинска неволја. Имено, завеало снег, на што ниту Цеца ниту Анастасија не биле подготвени, со оглед на тоа што денот беше убав и сончев.
Цеца не ја остава Анастасија сама и инсистира да биде дел од целиот проект, сакајќи нејзината ќерка да добие најдобар можен производ кој ќе наиде на одличен прием кај јавноста.