121
За Нова година Цеца ќе настапува во Будва, а ќе престојува во нејзиниот стан таму. Потоа открила кого ќе прегрне веднаш по полноќ.
„Мојот бенд и Слоба Радановиќ, тоа се луѓето со кои работам таму, за настапот“, открила фолк-пејачката.
По Нова година ќе замине на краток одмор во Кипар, каде има и своја куќа и поминува многу време.
„Кога не знам каде, одам во Кипар“, изјавила таа.
Во однос на емотивниот и љубовниот живот изјавила:
„Кој вели дека не сум скрасена? Ви изгледам распуштено? Се шегувам, но мене не ми требаат документи за среќа и емотивен мир. Задоволна сум со тоа како го средив својот живот. Имам доволно искуство и возраст да можам да го направам тоа точно онака како што сакам“, ја пренесува српски „Курир“ изјавата на Цеца.