Цеца организираше „спектакл“ за првиот роденден на нејзиниот внук

од Nikola Popovski
520 прегледи

Светлана Цеца Ражнатовиќ организираше голема прослава во еден белградски ресторан по повод првиот роденден на нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ.

Најмладиот член на семејството беше крстен во јули минатата година во Храмот Свети Сава, на истото место каде што се венчаа неговите родители Веjко и Богдан на 24 ноември 2019 година. Сепак, без оглед на тоа што е извршен светиот чин, Цеца и Вељко сметаат дека првиот роденден мора да биде одбележан како што треба.

Тие направија заеднички договор тоа да биде во одреден ресторан, а декорацијата да биде тематска за деца. Она што нема да ја одвои оваа забава од претходните е музиката во живо и истите гости, кои нормално доаѓаат на родендени и крштевки.

Собирот е закажан за денес околу 19 часот, а меѓу првите пристигна момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ, а потоа и целото семејство.

Анастасија Ражнатовиќ веќе подолго време се подготвуваше за роденденот на Жељко, а особено за подарокот што ќе биде негов спомен за сите времиња. Пејачката накратко прокоментира дека повеќе го сака својот внук отколку животот, но дека и покрај големата љубов кон децата, сепак не е подготвена да стане мајка.

Фото: Goran Srdanov/Nova.rs

Слични содржини