Цеца се суди со Карлеуша: Смачено ми е да се соочувам со неа

од Nikola Popovski

Денес во Палатата на правдата во Белград се одржало уште едно рочиште по ред меѓу пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, кои со години се во судски спор.

На денешното закажано рочиште се појавила само Цеца, а во изјава за медиумите истакнала дека е уморна од долгогодишното судење со нејзината колешка.

„Сакам да патувам малку. Имам некои обврски, а после тоа планирам доколку не се затворат границите. Што се однесува до судењето, процес како процес. Ќе видиме. Да ви кажам право, смачено ми е. Јас се појавувам, другата страна не се појавува. Но, ајде, не зависи од мене“, рекла Цеца за присутните медиуми.

Последното рочиште меѓу пејачките се одржало на почетокот на јуни годинава, по тужбата на Светлана Цеца Ражнатовиќ за нарушување на угледот и честа упатени од Јелена Карлеуша.

На тоа рочиште, на расправата повторно се појавила само тужителката, која изјавила:

„Јас ги кажав мојата изјава и мислење. Ова се одолговлекува од 2017 година. Време е да се донесе одлука“, изјавила Цеца пред новинарите.

Слични содржини