Цибона отпушта работници, тренерот без плата

од Vladimir Zorba

Раководството на Цибона немаше пари да плати вработени, па сите мораа да бидат отпуштени, јавуваат хрватските медиуми.

Така, готвачите, физиотерапевтите и секретарот на клубот, како и тренерот на првиот тим Иван Велиќ и неговите помошници ги загубија своите работни места.

Поради кризата, Градот Загреб ги запре сите исплати на спортски клубови, вклучително и на Цибона.

„Јас сум подготвен за Цибона да се откажам од платата поради оваа ситуација. Имаме договор за следната сезона дека ќе бидам на клупата на Цибона, па се надевам дека работите ќе се нормализираат и сè ќе биде добро. Се согласив да не добивам пари додека трае ситуацијата“, рече Велиќ.

Играчите се уште се на платен список, но никој не ги контактирал веќе две недели.

Слични содржини