Циклонот Алексеј повторно го потопи кејот на Охрид

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Охрид имаше бурна ноќ. Особено по предупредувањето од УХМР дека се можни засилувања на дождовите и ветерот во текот на ноќта. Циклонот Алексеј повторно  ги поплави кејот  и крајбрежните кафеани.

Охрид њуз тврди дека склучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Постои опасност од еколошка катастрофа.

 

 

Порталот Охрид њуз нешто пред полноќ јави дека јужниот ветер, кој попладнето дувал со умерена сила во Охрид, синоќа се засилил. Под вода се делови од кејот и улицата Коста Абраш пред Капетанијата на пристаништата. Водата повтор но навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети.

Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото синмоќа доаѓаа и од Струга.

Поради превентивни мерки вчера  се вршеше максимален испуст на  вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим. Зголемен е преливот од акумулацијата Глобочица и постои опасност од прелевање.

Денеска се очекува стабилизирање на времето во попладневните часови.