Цимерите во затворот на Епштајн тврдат дека тој „доживеал пекол“ зад решетки

од Vladimir Zorba

Додека бил во затвор, осудениот педофил и трговец со бело робје, Џефри Епштајн, наводно бил малтретиран од чувари и други затвореници, што можело да доведе до негово самоубиство, според некои затвореници кои биле во истиот затвор.

– Пред да се самоубие, Епштајн го почувствува пеколот – пишува „Њујорк Дејли Њsуз“, тврдејќи дека разговарал со неколку затвореници на казнено-поправниот дом Метрополитен, каде бил сместен овој милијардер пред неговата смрт

– Тој рече дека ќе се самоубие затоа што владата ионака се обидува да го убие – рече еден затвореник, чие име весникот не го откри, пренесува РТ.

Анџелика Лопез, внук на Ефраин Рејес, последниот цимер на Епштајн во ќелијата, изјави дека славниот сексуален престапник „бил многу депресивен“.

„Му спомнал на вујко ми дека не сака повеќе да живее, а тој му рекол да не прави ништо од тоа додека тој е во собата“, рече Лопез.

Според неа, затворскиот персонал се однесувал нехумано кон него, барајќи од Епштајн да спие на подот.

Како што се наведува, Епштајн бил „мета“ на другите затвореници поради неговите пари. Тие наводно му се заканувале, туркале белешки под вратата заканувајќи му се со смрт.

Постојат слични обвинувања кога станува збор за Гислејн Максвел, неговата соработничка, која исто така е во затвор и за која се вели дека страда од лоши услови во затворот.

Слични содржини