Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика

од desk4
95 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека изборите за Европскиот парламент се гласање и за доверба во неговата политика.


Ципрас рече дека избори, кои ќе се одржат в недела, ги гледа како гласање за доверба на неговиот план за политиката на штедење во 2019 и 2020 година.

Запрашан дали размислува за предвремени избори во јуни и дали тоа зависи од резултатите од гласањето за изборите во Европскиот парламент, Ципрас рече дека луѓето в недела можеби нема да гласаат за Владата, но ќе се изјаснат за политиката, која ќе владее во земјата во наредните години.

-Ако се отфрлат овие мерки, сите (перспективи) се отворени, рече Ципрас без да даде детали.

-Секој процент на пораз за СИРИЗА, ќе отвори дискусија за која не можам да ја предвидам како ќе заврши. Ние би влегле во авантура, рече грчкиот премиер