336
Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на својот Твитер профил објави дека е позитивен на корона вирусот.
Тој на Твитер напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави Катимерини.
-За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав – напиша Ципрас на Твитер.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза.
Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.