Циркус во Милано: Ибра доби црвен картон, судијата се повреди

од Nikola Popovski

Имаше неколку возбудувања на натпреварот од четвртфиналето на Купот на Италија меѓу Интер и Милан, а главни актери беа Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку и судиската двојка Валери – Чифи.

Главниот судија Паоло Валери беше главната ѕвезда на натпреварот на ривалите на Милан, од повеќе причини.

Прво, на крајот на првото полувреме имаше инцидент помеѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ, кога Швеѓанецот го нарече Лукаку „вуду-магаре“, а судијата им покажа жолт картон и на Ибрахимовиќ и на Белгиецот.

Потоа, во 53-та минута Ибрахимовиќ доби втор жолт картон за фаул над Александар Коларов од позади.

Тогаш „циркусот де ла Мадонина“ доби уште едно продолжение во форма на повреда на судијата Паоло Валери во 75-та минута, поради што Даниеле Чифи мораше да го преземе неговото место. Бидејќи паузата траеше неколку минути, натпреварот беше продолжен за вкупно 10, а со оглед на се што се случи, фактот дека Интер славеше со гол на отпишаниот Кристијан Ериксен, е дури и најмалку чуден…

Слични содржини