Браќата на Никола Јокиќ – Страхиња и Немања, во среда, на 9 ноември, направија официјален профил на Твитер за да му одговорат на Маркус Морис, братот на Маркиф, кого Никола го оттурна.
Ноќта помеѓу вторникот и средата, по средноевропско време, Никола Јокиќ (Денвер) и Маркиф Морис (Мајами) беа исклучени од натпреварот поради неспортско однесување.
Морис најпрвин почна така што најпрво со лакт го удри Јокиќ во ребрата, а потоа и по повреденото колено.
За среќа, Јокиќ го издржа налетот, но не можеше да се воздржи и да го турна Американецот од позади грб.
На теренот имаше голема гужва, страстите се смирија, а по натпреварот Маркус Морис, братот на Маркиф кој исто така игра во НБА, преку Твитер му се закани на српскиот кошаркар.
„Тој чекаше додека брат ми не му сврти грб. Запаметено е ова“, напиша Маркус.
Waited till bro turned his back smh. NOTED ✍🏾
— Marcus Morris (@MookMorris2) November 9, 2021
Страхиња и Никола се познати како силни момци кои го бранат својот најмлад брат, а решија да направат Твитер профил за да му одговорат на Маркус.
„Требаше да ги оставиш работите како што се, а ти правиш обратно и му се закануваш на нашиот брат. Брат ти беше првиот што направи „валкан“ потег. Доколку сакате да одите чекор понатаму, бидете сигурни дека ќе ве чекаме. Браќата на Јокиќ“, стои во твитот на новиот отворен профил.
Just got a text from Jokic’s brother. This is their real account responding to Marcus Morris’s tweet last night. https://t.co/ON4AH3JxwN
— Mike Singer (@msinger) November 9, 2021