Светот на модата никогаш немаше да биде ист, ако во него не присуствуваше онаа непокорна девојка со бунтовен дух. Вивиен Вествуд – име кое нè потсетува за секс, панк, активизам. Една од најголемите модни дизајнерки која секогаш излегувала надвор параметрите без да се плаши дека моделите можат да не бидат добро прифатени од публиката или критичарите.
Вивиен Изабел Суаjeр е родена на 8 април 1941 година во Дербишир, Англија. Кога е уште тинејџер, семејството ѝсе преселило во Лондон. Првично работи како почетен учител, но паралелно со тоа почнува да создава сопствена колекција накит, кој го продава на локалните чаршии.
Во светот на модата влегува во 70-тите години на минатиот век, кога заедно со својот партнер и омилен маж Малком Мекларен го откриваат модниот магазин Let It Rock. Од тогаш до денес секоја нејзина тоалета е одраз на духот и иновативната нејзина визија за модата, личноста, мажите и жените, за убавината и индивидуалноста. Инспирирани од нејзината личност и модата, споделуваме некои нејзини мисли за стилот.
“Не ме интересира дали и како ќе станете наутро, дали се миете, дали си ставате шминка, дали сте ја средиле косата, но вие треба да носите облека – ако сакате да изгледате различно.”
“Имате поинтересен живот ако носите поимпресивна облека.”
“Не ми е гајле колку козметички процедури сте направиле, не ме интересира и каква торба носите – вие само треба да имате фустан .”
“Она што секогаш се обидувам да им го кажам на корисниците: купувајте помалку, избирајте подобро правете го тоа без да брзате.”
“Луѓето никогаш не изгледале толку грди како денес. Ние едноставно конзумираме премногу. ”
“Модата е нешто исклучително важно. Таа го прави животот квалитативен и како секое нешто што дава задоволство, вреди да биде направена добро. ”
“Наместо да купувате шест работи, купете едно, но што навистина ви се допаѓа. Не купувајте само заради самото купување. ”
“Ако сте премногу големи за да се вклопите во сегашната мода, значи само треба да создадете своја.”
” Нашата облека (тука мисли на својата модна колекција) раскажува приказни и ги тера луѓето да се чувствуваат како херои. Мислам дека им дава на луѓето распоредување на нивните личности, и тие почнуваат да ги откриваат работите околу себе. ”
“Подобро е да изгледате важно отколку секси.”
“Има нешто навистина страшно за начинот на кој луѓето се облекуваат во моментов. Сите изгледаат подеднакво. Сите сакаат да изгледаат неутрално. ”
“За мене фокусот на жената е врз половината.”
Слики: Reuters